• 21.05.2024 05:41

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Владејачката коалиција во Италија остана без мнозинство, партијата на Матео Ренци излегува од Владата

BySarissa Editor

Jan 13, 2021

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци изјави дека министрите на неговата партија „Италија Вива“ ќе се повлечат од кабинетот, со што коалициската влада ќе остане без мнозинство во парламентот.

На прес-конференцијата што започна околу 18:20 часот, Матео Ренци ги објави оставките на министрите Тереза ​​Беланова, Елена Бонети и секретарот Иван Скалфарот.

– Минуваме низ голема политичка криза, се соочуваме со опасностите поврзани со пандемија. Наша одговорност е да ги решиме овие проблеми, а не да ги криеме – рече Ренци.

Ренци претходно се закани дека неговата партија ќе излезе од Владата, незадоволен од плановите на премиерот Џузепе Конте за тоа како се трошат милијарди евра од Европската унија за помош на економијата. Пред неколку дена, неколку највлијателни италијански медиуми пишуваа дека лидерот на партијата „Италија Вива” Матео Ренци, кој во изминатиот еден месец се закануваше со распаѓање на Владата, по телефонскиот разговор со шефот на државата Серџо Матарела одлучил, засега, да се откаже од своите намери, при што се согласил да се усвои т.н. „План за обнова”, документ за распределба на 209 милијарди евра кои ЕУ ги намени за Италија за закрепнување од здравствената и економската криза.

Ренци тогаш изјави дека се „согласува Планот да биде усвоен”, но ниту потврди, ниту демантираше дека телефонски разговарал со Матарела и оти тоа е причината што во рок од 24 часа ја сменил својата ултимативна одлука. Медиумите пишуваа дека италијанскиот претседател „не се мешал во политичките одлуки, бидејќи тоа не е негова работа”, но сугерирал што треба да биде приоритено за политиката во овој момент.