• 19.05.2024 04:22

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Макрон старо-нов претседател на Франција, пораз на Јанша на изборите во Словенија

Новиот француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Ле Пен освои 42 отсто од гласовите.

На изборите во Словенија партијата на актуелниот премиер Јанез Јанша, претрпе пораз

Според досега 53 отсто преброени гласови, Движењето за слобода на Роберт Голоб освои 32,87 отсто, односно 41 мандат, додека СДС на Јанез Јанша има 25,12 отсто и освои 31 мандат во Парламентот со 90 пратенички места, соопшти Државната изборна комисија во Словенија.

Нова Словенија доби 7 отсто од гласовите и осум мандати, а СД со 6,67 отсто од гласовите освои осум пратенички места.