• 25.06.2024 10:11

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Денес е голем ден за Македонија-Роденден на Александар Македонски

ByJane Jancheski

Jul 21, 2022

На денешен ден* во Пела, тогаш главен град на Македонија, се родил престолоследникот на кралот Филип II и епирската принцеза Олимпија. На истиот ден генералот Парменион извојувал победа против сојузот на Илирите и Пеонците, а храмот на Артемида во Ефес изгорел, што ги толкувале како знаци за големината на детето.

Александар станал крал на Македонија на само 20 години откако татко му бил убиен од страна на својот телохранител Павсаниј. Сите околу македонското кралство го потцениле младиот крал и се кренале на бунт. Прво ги поразил Траките, па Илирите, а потоа и Хелените.

Потоа го остварил големиот сон на неговиот татко, освојување на непобедливата Персија. Александар го создал најголемото кралство во античкиот свет, од Јадранското Море до Индија, од Египет до Централна Азија. Никогаш не бил поразен во битка, но починал на само 32 години во Вавилон, веројатно од маларија, иако има разни теории меѓу кои и онаа дека бил отруен. До ден денес не се знае каде е закопан откако на неговиот гроб во Александрија му се губи трага во V век.

*Точниот датум сепак останува неодреден. Роден бил на шестиот ден од месецот лоос според старомакедонскиот календар, месец кој кореспондирал со хеленскиот месец хекатиомбајон и според кој датумот е 20 или 21 јули.