• 25.07.2024 09:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ГОДИНАВА СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 116 ГОДИНИ ОД БИТКАТА „НА НОЖОТ“

Битка на Ножот — најголемата и најкрвавата битка водена од Четничкиот институт на Македонската револуционерна организација во периодот по Илинденското востание. Битката се одиграла на 14 јули 1907 година на врвот Ножот, во близината на селото РаклеПрилепско, а огласот и фотографиите се разнеле ширум светот.

По Илинденското востание бугарскатасрпската и грчката вооружена пропаганда во Македонија се засилуваат. На Рилскиот конгрес кој се одржал во септември 1905 година е донесено решение да им се даде решителен отпор.

На четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода Крсте Јанчески, и членот на окружниот комитет војводата Петар Ацев. Кон нив се упатуваат и четите на Иван Наумов и една прилепска реонска чета на чело со Мирче Најденов.

Во регионот се концентрираат вкупно нешто повеќе од 150 комити и скоро 150 лица селска полиција од околните села. Главна цел на Обединетата чета под водство на Тане Николов е чистење на селата во Бабуна планина од србоманските шпиони и конечно уништување на српската пропаганда.

Србоманите од своја страна испраќаат агенти во БитолаПрилепВоденЛеринТиквеш и Велес за да ги предадат на турските власти македонските чети во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат во целиот регион.