• 25.06.2024 08:26

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Денеска е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Bysrs-editor

Feb 21, 2023

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу 6 илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Најавени се поздравни обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Никола Јанкуловски, директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот.