Идниот викенд (14-16 јули) ќе се одржи јубилејното 60-то издание на Галичка свадба.
Овогодишениот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид.
-Со радост ја објавуваме програмата за годинешното јубилејно издание на Галичката свадба. Повелете, придружете ни се во славењето на љубовта! Благодарност до нашите партнери чија помош и поддршка овозможува живот на ова живо културно наследство. Ве очекуваме, објавија од месната заедница Галичник.
На 14-ти ќе се одржи целовечерен концерт на групата Фолтин, а во сабота доцна попладне почнуваат сите обичаи поврзани со Галичката свадба, пренесува Курир.
