• 27.07.2024 08:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Како терористичките групи ја експлоатираат пандемијата со корона вирусот

BySarissa Editor

Sep 9, 2020
Раби В. Седрак

Ширењето на пандемијата на коронавирусот ја смени динамиката на повеќето политички процеси на локално, регионално и меѓународно ниво. Сепак, зачудувачки е дека актерите на сегашните терористички групи од различни идеологии, покажаа значителни способности за брзо прилагодување кон промените предизвикани од ширењето на коронавирусот. Навистина, некои терористички групи имаат тенденција да го користат вирусот како алатка за постигнување на своите цели, како што е обидот на некои терористи во Тунис да го шират вирусот меѓу припадниците на безбедноста на почетокот на овој месец. Преку набљудување на однесувањето на насилните екстремистички групи ширум светот во текот на изминатите недели, може да се идентификуваат голем број патеки преку кои вирусот влијае на движењето на ваквите екстремистички групи, поточно патеките што ги користат овие групи за да им служат на нивните цели.

Ескалација на операциите за регрутирање

Пандемијата го погоди поголемиот дел од светот, оставајќи го огромното мнозинство на луѓе во состојба на забуна и неизвесност за тоа како да се справат со инфекции, механизми за превенција и третман, перформанси на здравствени институции во различни земји и негативни ефекти од кризата на социјално, психолошко и економско ниво заради изолација и социјална дивергенција наметната од оваа криза.

Како што е често случај во време на збунетост и неизвесност, екстремистичките групи од различни идеологии, почнаа да шират говор на омраза и екстремистички погледи, особено преку интернетот, кој стана првиот излез на милиони луѓе од нивните домови практикувајќи социјална дивергенција со стравот на изложеност на пандемијата.

Многу луѓе неодамна забележаа дека сајтовите за социјални медиуми се полни со погрешни информации што ги емитуваат екстремистичките групи за ширење омраза, каде и тие страници обезбедуваат (во вакви исклучителни околности) можност за екстремистичките групи да комуницираат со нова публика.

Експлоатација на безбедносниот вакуум

На оперативно ниво, постојат неколку предупредувања дека различни екстремистички групи можат да ги искористат предностите за борба против ширењето на коронавирусот и да ги зајакнат терористичките и непријателските операции со цел да ги зголемат своите придобивки. Во овој контекст, вреди да се напомене дека предупредувањето на Комесарот на Советот за мир и безбедност на Африканската унија, за реперкусиите од појава на коронавирусот во Африка, да ги стават во мирување своите операции. Се очекува терористичките и вооружените групи да ја искористат сегашната состојба за да извршат сериозни напади, додека повеќето безбедносни сили се на терен, борејќи се со ширењето на вирусот, оставајќи безбедносен вакуум и златна шанса на ваквите криминални организации.

Во текот на минатата недела, бевме сведоци на повторна појава на движењата на ИСИС во Сирија и Ирак. Поради безбедносниот вакуум, оперативците на ИСИС пронајдоа ранливи области за да ги прошират своите активности, каде повеќето од безбедносните сили работат на половина капацитет за да ги намалат инфекциите. НАТО објави дека нивниот тренинг во Ирак ќе биде одложен за 60 дена додека британскиот Министер за одбрана го намали темпото на обука за повеќе од половина.

Покрај тоа, коалицијата против ИСИС во Ирак и Сирија беше принудена да преземе сериозни мерки за да спречи ширење на коронавирусот меѓу нејзините единици кои работат таму, што му даде можност на ИСИС да ги развива/менува своите тактики од случајни групи кои се борат во географски дефинирани области со децентрализирана моќ. На почетокот на овој месец, ИСИС спроведе голем број операции во многу области северно од Багдад.

Од друга страна, ако вирусот се појави во затворите и логорите, ќе се појави нов ризик за ослободување на борците на ИСИС од затворите во Ирак и Сирија, така што, има можност службениците во администрацијата на некои затвори да се откажат од своите должности.

Коронавирусот како алатка за регрутирање

Како што се шири коронавирусот, неколку екстремистички групи ги предупредија своите членови да не патуваат во Европа и другите региони погодени од појавата на пандемијата. Сепак, некои од нив побараа спас во џихад, објаснувајќи им дека нивните борци „ќе добијат божествена заштита од вирусот“ ако учествуваат во џихадот. Постојат стравувања дека тие групи ќе регрутираат, или поточно насочат, своите борци од потврдени или потенцијално заразени со вирусот на целните групи како што се полицијата и /или безбедносните сили.

Претходно овој месец, француското Министерство за внатрешни работи спречи „терористички“ заговор кој имаше за цел ширење на вирусот  меѓу полициските сили, каде осомничениот го искористи својот морален авторитет над припадниците на екстремистичката група во регионот, особено оние заразени со вирусот, и ги поттикнал намерно да киваат, кашлаат и да плукаат насекаде каде полициските единици ги спроведуваат своите постапки за административна контрола, со цел „да се инфицираат колку што е можно повеќе“ со вирусот. Еден од осомничените признал дека добил такви упатства. Во меѓувреме во Нов Зеланд, припадниците на екстремистичката група намерно киваа и кашлаа пред безбедносните лица. Ендрју Костер, полицискиот комесар на Нов Зеланд, смета дека плукањето е закана за ескалацијата помеѓу полицискиот персонал и граѓаните за време на оваа пандемија, заканувајќи им се на сторителите со 10-годишна затворска казна.

Во истиот контекст, внатрешен извештај за безбедност на ФБИ откри дека екстремистичките групи разговараа за можноста за употреба на вирусот  како биолошко оружје за извршување терористички напади. Екстремистичките групи можат да го постигнат тоа преку оставање плунка на рачките на вратите во локалните канцеларии на ФБИ, плукање во лифтовите, па дури и поставување на вирусот во лименки со спреј за да се шири во неколку населби. Еден извештај на ЦИА ја откри истата методологија, во која се наведува дека таквите групи веќе се подготвувале да извршат организирани напади преку шишиња и спрејови со вирус во неколку американски градови, насочувајќи конкретни собири за ширење на вирусот меѓу нив.

Веројатно, тоа е она што го натера генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, да предупреди за растечка опасност во иднина од терористи кои лансираат токсични биолошки напади насочени кон ширење смртоносни епидемии, нагласувајќи дека „било каков недостаток во борбата против епидемијата сега, предвидува евентуален напад од таквите терористи“.

Карактеристиките на таквата патека се особено видливи кај екстремните десничарски групи во многу европски земји. Ова го потврди и германскиот разузнавачки извештај, предупредувајќи против екстремни десничарски групи (конкретно нови фашистички и нацистички групи) со употреба на пандемиска криза, за да се поткопа довербата на луѓето во германската влада, ширење теории на заговор, стигматизирање на имигрантите како носители на вирусот, како и поставување сценарија за колапс за да се добие поддршка за нивните екстремистички позиции, создавање атмосфера на збунетост и туркање на европските општества кон немири и протести за да се урнат некомпетентни демократии што ќе им овозможе пристап до моќ. Стравувањата се зголемуваат и од таканаречениот “бел тероризам” во САД, каде што заедничкиот извештај издаден од одделенијата за правда и внатрешна безбедност заедно со Националниот центар за борба против теориризам (NCTC), предупредувајќи дека расистичките групи можат да ја искористат предностa на сегашната состојба, ако започнат напади против азијците во САД, врз основа на нивната внатрешна литература дека пандемијата била кинески заговор за создавање нов светски поредок. Во извештајот се истакнува дека американските безбедносни институции ги сметааат ваквите расистички групи одговорни и неспособни за пресретнување на планираните напади врз американскиот народ. Според извештајот, се очекува ескалација на говорите на омраза и злосторства против азијските американци и другите азијци во наредните неколку месеци.