• 23.10.2024 03:22

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Враќањето на македонски претставници од НАТО открива сериозни пропусти во македонските безбедносни служби

BySarissa Editor

Jan 18, 2021 #НАТО

Како се случило македонскиот државен врв односно претседателот Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, во консултација со премиерот Заев да испратат во НАТО двајца воени претставници кои што биле дел од висока корупција или имале контакти со ривалски служби од држави држави кои се сметаат за непријатели на Aлијансата?

Ова е едно од централните прашања што ги поставуваат експертите за безбедност откако од седиштето на алијансата е вратен полковникот Секуловски, но и уште еден претставник на одбраната со која раководи Шеќеринска.

“Да видиме дали тие што се одбиени за НАТО сертификат претходно добиле национален? Дали за национален не постоел ризик, оти па нашиве документи и не се толку важни? И како Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации им издала национален безбедносен прашалник, кој потпишал?”, прашува експертот за безбедносни прашања, професорот Александар Нацев.

Враќањето на двајцата македонски воени претставници ја отвара Пандорината кутија во која е извесно дека има и други актери, за кои повеќе западни партнери со години предупредуваат дека имаат директни или индиректни контакти со служби кои не се дел од системот на НАТО, и дека во македонскиот систем има елементи кои свесно или од неспособност ја довеле под заканата внатрешната безбедност на НАТО, при што оваа ситуација (следејќи други западни искуства) не може да помине без политичка одговорност.

Доколку македонските политичари во случајов Пендаровски, Шеќеринска и директорот на ДБКИ, Стојан Славески, знаеле дека постои сомнеж за инволвираност на одредени лица за соработка со воени и разузнавачки служби од земји кои се сметаат за закана за НАТО, Македонија наскоро под притисок од Брисел може да види оставка од висок државен политичар.

Дали АНБ, Воената служба за безбедност и разузнавање и ДБКИ ја завршиле својата работа или потфрлиле ќе се види многу брзо, велат најавите на повеќе извори кои се упатени во процедурите на западните партнери.