• 16.09.2024 20:27

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Граѓаните за брзо ќе ги увидат придобивките од нашето работење во „Општата Болница“ – Кичево – Цветановска-Трајкоска

ByJane Jancheski

Aug 9, 2024

Денес во „Општата Болница“ – Кичево во официјална посета беше министерот за здравство Г-дин Арбен Таравари, каде оствари состанок со новото раководство и се запозна со сите проблеми и недостатоци на установата.

Г-дин Таравари вети дека во најбрз можен рок ќе ги реализира првичните недостатоци кои ги мачат кичевчани, но и пациентите од околината.

Г-ѓа Цветановска-Трајковска пред медиумите исто така истакна дека стекнатата моментална состојба на  Болницата е во очајна состојба, пред сè од медицински кадар.

– Нашето одделение каде што сум јас Гинеколог-Акушер остана само со еден Гинеколог иако работиме со полн ек, имаме само еден Анестезиолог, така што веднаш го известивме Министерот, што поскоро да се пуштат специјализации, за да може да се функционира како порано.

Што се однесува до флексибилноста на работата, направивме план за позајмување на Доктори, затоа што од она што го видовме, станува збор за многу лоша состојба, додека од финансиски погледи нашата Болница мора да признаеме дека е во огромен минус, така што по состанокот со Министерот Таравари и Директорот на Здравствениот дом Г-дин Генц Селмани, мислам дека со сите расположливи сили ќе се справиме со наследената ситуација и граѓаните конечно ќе увидат дека сликата за брзо ќе се промени и придобивките за граѓаните од ова раководство ќе бидат воочливи, за медиумите истакна Директорката на ЈЗУ Општа Болница – Кичево, Г-ѓа Маја Цветановска-Трајкоска.