• 23.10.2024 07:28

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Трендови на тероризам и безбедносни закани во 2021 година

КОВИД-19 доведе до забрзување на различни глобални трендови. Некои од овие се можеби во крајна линија добри, на пример, светот се придвижува кон повеќе инвестиции во виртуелната интелигенција и автоматизација, и се поголем фокус на искористување на оваа можност за правење трајни промени во корист на животната средина.

Сепак, многу други се прилично загрижувачки. Континуираните закани по глобалниот поредок, веројатноста државите од целиот свет да ја тестираат решеноста на новата администрација на САД и сè по-поларизираното население се фактори што ќе доминираат во 2021 година.

Тероризмот, слично, е глобален тренд кој доживува нешто како возобновување, како резултат на последиците од кризата на КОВИД-19. Од 2016 година, се покажа дека ова е едно од ретките ризични области што доживеа пад на глобално ниво. Ова главно беше водено од намалувањето на Исламската држава во Сирија и Ирак, ограничувањата на претходно високата закана за Ал-Каеда на Арапскиот полуостров и падот на активностите низ Северна Африка. Иако Сахел, Западна Африка, Сомалија и Авганистан продолжија да имаат џихадистичка активност, а имаше и бројни напади кои привлекуваа внимание во земји како Велика Британија, САД и низ Европа, истите, не го неутрализираа глобалното опаѓање на заканата од главните џихадистички организации.

2021 година, сепак, ќе види заживување на нивото на ризик. Овој пресврт ќе биде катализиран од последиците на КОВИД-19, при што ситуацијата нуди значителни можности за потенцијалните актери во оваа претстава. Затворањето на луѓето по домовите за време на пандемијата исто така им дадоа време на истите да истражуваат и радикализираат.

За западните корпорации, особено во Европа, полемиката помеѓу Франција и муслиманскиот свет ќе биде најголемата загриженост за овој регион во 2021 година. Како што беше прикажано во последните неколку месеци, таканаречените осамени волци ќе продолжат да напаѓаат на јавните простори во западните градови, иако медиумските корпорации и платформите на социјалните медиуми исто така ќе бидат ранливи доколку се смета дека промовираат антимуслимански содржини. Во меѓувреме, повеќе утврдените ризици за тероризам ќе продолжат да влијаат на енергетскиот и рударскиот сектор во Африка и на Блискиот исток, со тоа што првиот ќе го надмине вториот, па дури и Јужна Азија како центар за активност. Особено, засилениот бунт во Мозамбик се повеќе и се заканува на нејзината гасна индустрија, додека во Ирак, насилството на шиитската милиција и антивладините демонстранти ќе се закануваат да го нарушат нафтениот сектор во земјата. Нарушувањето е особено веројатно во текот на првата половина од годината, бидејќи Иран се обидува да ја тестира решителноста на САД. 20-годишнината од нападите на 11.09. исто така е можен поттик и ова сигурно ќе го насочи вниманието на јавноста кон џихадизмот во тоа време. Додека џихадистите ќе останат најочигледна закана, прашања како што се миграцијата, глобалната трговија, глобалната безбедност и поддршката за меѓународните организации поттикнаа видлива поларизација во политичкиот пејзаж и секоја таква промена секогаш го храни екстремистичкиот елемент.

Додека соло-актерите имаат најголеми шанси да извршат успешен насилен напад, голем број комплексни заговори беа тесно спречени во последните неколку години, некои дури беа поврзани со припадници на вооружените сили на соодветната земја. Миграцијата е значаен катализатор на ова и истата забележа најголем пораст во Унгарија, Австрија и Шведска.

Движењето против вакцинација се поттикнува од намерни кампањи за дезинформација на социјалните мрежи, нудејќи се поплодна почва за регрутирање. Економски прашања од поголем обем, меѓународни тензии, неуспеси во владината политика и општествени тензии, заедно со икс друг број на предизвикувачи, како што е новиот бран на загрозена миграција преку Турција, дополнително ќе го разгорат овој тренд. Менталното здравје е исто така двигател, а ризикот луѓето да бидат под влијание на ехо-коморите на социјалните мрежи е вознемирувачки висок.

Далеку од масовни убиства, саботажата на телекомуникациската инфраструктура е водена од дезинформации што ги поврзуваат 5G со вирусот, но се покажаа ефикасни и тешко да се спротивстават. Атентатот врз политички и деловни лидери е исто така постојана закана. Преголемата зафатеност на безбедносните служби среде финансиски ограничувања и мноштво барања го прави спротивставувањето на заканата главно прашање што само ќе се забрза во наредната година. Делата на „совршена бура“ се присутни и во Европа и во САД, со оглед на веројатните трендови.

Иако директните влијанија се често минимални, природата на тероризмот е таква што има непропорционално влијание врз бизнисот, а одредени сектори се соочуваат со растечка закана. Фирмите за финансиски услуги и технологија, исто така, се соочуваат со индиректен предизвик од зголемувањето на регулативата и барањата на законодавците да „направат повеќе“ за да помогнат во ублажување на употребата на платформите од сè пософистицираните чинители на закани.