Населеното место Горна Матка во општина Сарај веќе 3 дена нема воопшто вода за пиење, објави на својата Фејсбук страница претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Сарај Мартин Стојановски.
Во поплаките што стигнаа до мене граѓаните велат дека главната пумпа не работи, а проблемот е секое лето огромен со недостиг на вода а истото се случува и во Долна Матка.
Граѓаните сами обезбедуваат вода од локалните продавници.
Замислете како е на тие граѓани кој во овие пеколни температури немаат вода за пиење и хигиена.
Локалната и градската власт спијат и никој не се заангажирал проблемот да биде решен.
Ова е катастрофа.
Бараме од надлежните да одговорат и веднаш да превземат мерки за обезбедување на вода за населението во Горна Матка, пишува Стојановски во својата објава.