• 22.10.2024 17:43

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

40.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во Полска од Белорусија минатата година

Речиси 40.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во Полска од Белорусија минатата година, се вели во денешното соопштение на Твитер на полската гранична стража.

Вкупно 44 лица се обиделе илегално да ја преминат полско-белоруската граница на последниот ден од 2021 година, се наведува во твитот, пренесува ТАС С.

Во 2021 година се регистрирани дури 39.700 обиди за илегално преминување на границата, од кои 1.700 во декември, додаде полската гранична служба.