• 08.09.2024 03:51

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Илјадници во Париз на протест против абортусот

Илјадници противници на абортусот во поворка минаа во неделата низ француската престолнина Париз за да протестираат против нацрт-законот со кој се продолжува законскиот рок за прекин на бременоста и ги упатија своите „десет предлози“ на кандидатите на француските претседателски избори, пренесе AFP.

„Годинава главна тема е законскиот нацрт за кој дискутира францускиот парламент и кој треба да го одобри продолжувањето на законскиот рок за прекин на бременоста од 12 на 14 седмици, што е неправеден текст“, изјави на прес-конференција Николас Тарди-Жубер, претседател на акцијата „Марш за живот“ кој секоја година се одржува во јануари.

Учесниците на годишниот собир кои се собраа на многу студено време, меѓу кои имаше многу млади, носеа розеви и жолти транспаренти на коишто пишуваше „Престанете да ги тормозите неродените“ и „Животот е право, а не избор“.

Девојка држи плакат на кој пишува „Живеењето е право, а не избор“

Според процените на организаторите, се собрале околу дваесеттина илјади луѓе, три месеца пред првиот круг на претседателските избори во Франција.

„Втората важна тема … се претседателските избори“, оцени Тарди-Жубер, повикувајќи ги кандидатите да сторат сѐ за „заштитата на човечкиот живот да биде главен национален приоритет“.

„Никого не поддржуваме, но изнесуваме свои десет предлози за кандидатите, како што се воведување најмалку тридневен период за размислување пред одлуката за прекин на бременоста и неприфаќање на потпомогнатото самоубиството и евтаназијата“, додаде Тарди-Жобер.

За текстот кој го предложи пратеничката Албане Гејо, поранешна членка на центристичката партија Републиката во движење (LREM) на мнозинството на претседателот Емануел Макрон кој овозможува продолжување на законскиот рок за прекин на бременоста, Сенатот ќе дискутира во второто читање на 19-ти јануари.