• 18.10.2024 18:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ЕУ ги заострува правилата за контрола на дозволите за огнено оружје

Денеска во ЕУ стапуваат на сила новите правила за поседување на огнено оружје и размена на податоци меѓу земјите членки.
Властите во земјите членки од денеска ќе мораат систематски да разменуваат информации во случај на одбиена дозвола за поседување огнено оружје, за да се оневозможи заобиколување на правилото.

Преку воведување на информатички систем на заедничкиот пазар на ЕУ, националните власти ќе можат да проверат дали едно лице кое бара дозвола за огнено оружје веќе било одбиено во друга земја членка на ЕУ.

Европската Комисија утврди дека честа е појавата на лица кои се вртат кон земји членки со полабави закони за да дојдат до огнено оружје.

Одлуката е дел од европскиот акциски план за борба против шверц со огнено оружје за периодот 2020-2025. Целта, вели Европската Комисија, е подобро да се заштитат граѓаните на ЕУ од терористички атентати и организиран криминал.