• 18.10.2024 16:26

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ССМ утре на протест

Сојузот на синдикати(ССМ) со цел да ја искаже својата сериозна намера дека не отстапува од барањето минималната плата да биде 18.000 денари, утре непосредно пред да седне на перговарачката маса со Организацијата на работодавци и со Владата, ќе одржи состанок пред седиштето на Стопанската комора и Организацијата на работодавци кое се наоѓа во истата зграда.

Во период од 13 до 14 часот ќе го сопрат сообраќајот на улицата Димитрие Чуповски, каде што се наоѓа Организацијата на работодавачи и Стопанската комора за да ја искажат својата сериозна намера дека не отстапуваат од барањето минималната плата да е 18 илјади денари.

Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи. Ако во 16 часот не се прифатат нивните барања, почнуваат со генерален штрајк.