• 22.10.2024 23:24

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Повеќе од милион украински бегалци влегле во Полска

Денеска во 20 часот бројот на луѓе кои избегале од Украина во Полска надмина еден милион, соопшти полската гранична полиција.

„Тоа се милион човечки трагедии, милион луѓе протерани од своите домови поради војната. Милион луѓе кои откако ја преминале границата слушнале „безбеден си“, соопшти полската гранична полиција.