• 18.10.2024 04:37

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Седницата за намалување на акцизата за гориво и ДДВ-то ќе се одржи утре

Претседателот на Собранието, Талат Џафери седницата на која пратениците ќе треба да ги гласаат измените во Законите за ДДВ и за акцизи ја закажа за утре во 15 часот.

Владата попладнево ги испрати измените до Законодавниот дом. Тие треба да бидат донесени во итна постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Вчерашните мерки на владата предвидуваат намалување на ДДВ за 8 процентни поени и 3 прага за намалување на акцизата. Иако Владата своите пресметки ги прави во тони сурова нафта, за да биде поедноставно и по прилагодено на пазарот, ние овде ќе правиме пресметки во барели. Во еден тон нафта има околу 7,4 барели. Тоа конвертирано во поразбирливи бројки значи дека

Кога барел нафта ќе биде од 107 до 134 долари владата ќе ја намали акцизата за 1 денар. Кога барелот ќе чини од 134 до 161 долари акцизата би паднала за 2 денари, а тогаш кога барел нафта ќе отиде над 161 долари, што до сега не се случило, акцизата на горивата би се намалила за 4 денари.