• 23.10.2024 05:24

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Над 750 милиони денари промет на македонската берза во март

Трет месец по ред, најтргувани акции на официјалниот пазар се акциите на Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 13.535 акции  со просечна цена од 12.180,86 денари и остварен е промет од 164.867.875 денари или 2.672.301 евра. Акциите на македонскиот фармцевтски гигант Алкалоид АД Скопје се позиционираа на второто место каде количински се истргувани 5.500 акции по просечна цена од 17.597,65 денари и се свртеле 1.568.797 евра или 96.787.055 денари. Во март месец, на третото место се искачи НЛБ Банка Скопје кој ги запиша следниве бројки: истргувани 1331 акции по просечна цена од 27.026,16  денари каде реализиран е промет од 35.971.824 денари или 583.058 евра.

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2022 година вкупниот промет изнесувал 705.188.350 денари и е намален за 33,92 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 362.473.605 денари и е намалено во однос на февруари за 38,50 отсто кога изнесувало 589.361.057 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 358.117.488 денари и обврзници во вредност од 4.356.117 денари.

Блок трансакциите во март изнесувале 310.556.745 денари и се намалени за 24,16 отсто во однос на февруари.

Бројот на трансакции во март изнесувал 1.466 и е намален за 34,32 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.232. Најмногу трансакции се направиле со акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка.

Во топ 5 најтргувани акции во месец март се впишаа Макпетрол Скопје и Гранит

Кај брокерските куќи, Еурохаус АД Скопје во месец Март оствари вкупен промет од 379.179.520 ден, додека Комерцијална банка оствари промет од 281.129.393 ден.

Месечниот статистички билтен за март 2022 година можете да го погледнете тука.