• 18.10.2024 08:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Во Франција денеска се одржуваат претседателски избори

Во Франција утрово почна гласањето за вториот круг од претседателските избори.

На изборите се одлучува дали актуелниот претседател Емануел Макрон ќе ја задржи функцијата во Елисејската палата или ќе биде заменет од кандидатката на десницата Марин Ле Пен.

За новиот претседател одлучуваат скоро 49 милиони гласачи, а се проценува дека излезноста би можела да биде околу 72 проценти.