• 13.04.2024 15:50

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Алжир поднесе официјално барање за приклучување кон БРИКС

Bysrs-editor

Nov 7, 2022

Алжир поднесе официјално барање за приклучување кон блокот БРИКС, кој во моментов го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, потврдила во понеделникот Лејла Заруки, специјален претставник за меѓународна соработка при Министерството за надворешни работи, пренесува дневниот весник Al-Shorouk.

„Алжир поднесе официјално барање за приклучување на групата БРИКС. Имавме можност да учествуваме на последниот самит на организацијата, на кој беше поканет претставник на Алжир. Го поднесовме нашето барање. И Русија и Кина гои поздравија приклучувањето на Алжир“, изјавила Заруки.

Во август алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун објави дека неговата земја е подготвена да се приклучи на шесте најголеми економии во формирање на светот.

„Алжир ги исполнува речиси сите услови за приклучување на БРИКС. Тој е длабоко заинтересиран да ѝ се придружи на оваа организација“, рече Тебун во телевизиското интервју на почетокот од август. Тебун, исто така, истакна дека приклучувањето на БРИКС ќе му овозможи на Алжир да ја избегне вмешаност и учеството во „биполарни конфликти“.

Во јуни годинава Аргентина и Иран поднесоа барања за пристапување на БРИКС.

Подоцна во јули, претседателката на овој блок земји, Пурнима Анан, изјави дека добила најави оти за членство во организацијата планираат да аплицираат и Египет, Саудиска Арабија и Турција. Според неа, веќе на следниот самите може да се очекува разгледување и носење одлука за приемот на овие земји.

Летово од БРИКС соопштија дека повеќе земја на некој начин летово изразила интерес да се приклучат или тесно да соработуваат со блокот. Кон крајот на јуни иранското министерство за надворешни работи објави дека Техеран аплицирал за членство во организацијата, а истовремено аргентинскиот претседател Алберто Фернандез ги објави намерите на неговата земја за приклучување.

Неодамна шефот на одделот за меѓународни економски работи при кинеското министерство за надворешни работи, Ли Кексин, изјави дека неколку земји, меѓу кои Индонезија, Турција, Саудиска Арабија, Египет и Аргентина, се пред вратата на организацијата. Истовремено јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса изјави дека во текот на посетата на Ријад му биле потврдени намерите на блискоисточната монархија да му се приклучи на економскиот блок.

Групата, која првично беше наречена БРИК, е основана во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, пред Јужна Африка да се приклучи во 2010 година, додавајќи го С во акронимот. Групата од шест држави претставува повеќе од 40 отсто од светското население.

Во согласност со напорите за зајакнување на трговијата членките работат на интеграција на платните системи, зголемување на плаќањата во национални валути, како и воспоставување независен канал за размена на информации. Пред две години беше објавено дека државите на БРИКС се подготвени да создадат нов систем за заедничко плаќање наречен BRICS Pay, кој ќе биде сличен на постојните услуги на Apple Pay и Samsung Pay.