• 06.10.2024 02:52

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Судот на Велика Британија пресуди дека Шкотска не може да одржи нов референдум за независност

Bysrs-editor

Nov 23, 2022

Врховниот суд на Велика Британија, која по Брегзит излзе од ЕУ, пресдуди дека шкотската влада не може да одржи втор референдум за независност без одобрение на британскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Во 2014 година, Шкотите на референдум го отфрлија прекин на над 300-годишната унија со Англија со 55% против.

Сепак, активистите за независност го оспорија гласањето две години подоцна со образложение дека излегувањето на Британија од Европската унија, на кое се спротивставија мнозинството шкотски гласачи, значително ги промени околностите.

Првата министерка на Шкотска, Никола Старџен, лидер на Шкотската национална партија (SNP) што се залага за независност, најави претходно оваа година дека има намера да одржи референдум за независност на 19 октомври 2023 година, но тој мора да биде легален и меѓународно признат.

Сепак, британската влада во Лондон соопшти дека нема да одобри уште еден референдум, со образложение дека тоа треба да биде настан што се случува еднаш во една генерација.