• 31.10.2024 04:41

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дизелот поскапува за два денара

Bysrs-moderator

Jul 14, 2023 #дизел

За два денара поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ, а малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, Мазутот М-1 НС и Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на дизелот ќе изнесува 72,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 натаму ќе се продаваат за 80 денари, односно за 82 денари по литар, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 70 денари, а Мазутот М-1 НС 41,784 денари за килограм.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 процентиво однос на одлуката од 10-ти месецов.

РКЕ објаснува дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,854 проценти, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,754 проценти или за 34,350 долари/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,019 проценти и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,315 проценти. Поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,588 проценти.