Утре во Тирана ќе биде одржан неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан. Средбата доаѓа во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во главниот град на Албанија, пренесува Република.
На состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.
„Средбата ќе се одржи во понеделник напладне околу 12 часот во владината вила 30. До денес единствено не е потврдено присуството на косовскиот премиер Албин Курти, јави „АБЦ њуз“.
Рама ја најави средбата за време на неодамнешната дводневна балканска турнеја, во чии рамки ги посети Скопје, Приштина, Подгорица, Сараево и Белград.