За ваквите објави на скандали најголем ефект ќе има кај истражните обвинителски и судски органи по промена на власта на 8 мај, бидејќи ќе има сериозна одговорност бидејќи станува збор за огромна злоупотреба на државни средства, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската емисија Еспресо со Златев и Боцевски што се емитува на радио Лидер.