Комитетот за буџет на германскиот парламент во четвртокот одобри договор од 5,4 милијарди евра (6,35 милијарди долари) за купување 38 авиони „Еурофајтер“ од „Ербас“ за воздухопловните сили на земјата
Договорот е дел од долгорочниот план на германското Министерство за одбрана да добие најмалку 93 авиони „Еурофајтер“, заедно со 45 Ф-18 од „Боинг“. Одлуките за набавка на преостанатите авиони се очекуваат по федералните избори во Германија следната година.
Министерот за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер сака да ги замени најстарите авиони „Еурофајтер“ на германската флота со нови авиони.
Еурофајтрите од првата генерација се во функција од 2004 година и со текот на годините ги претставија воздухопловните сили со „поголеми предизвици“.
“Оваа важна одлука ги зајакнува нашите можности во воздухопловните сили. Со замена на Tranche 1, која е застарена и подложна на поправки, ја зголемуваме оперативната подготвеност на флотата Еурофајтер, а со тоа и нашата сигурност во алијансата [НАТО]”, рече Инго Герхартц , генерален инспектор на германското воено воздухопловство.
Воздушните сили на Германија соопштија дека сега ќе имаат „повеќенаменски способен авион – што може да се користи не само против непријателски авиони, туку и против цели на земјата“, додавајќи дека новиот борбен авион ќе биде опремен со најсовремена радарска технологија
Според производителот Airbus, новиот „Eurofighter Tranche 4“ е најдобриот и најмодерен борбен авион што Европа во моментов може да го понуди.
Владејачката германска влада на голема коалиција, како и партијата Слободна демократска партија (ФДП) и партијата Алтернатива за Германија (АфД) гласаа за набавка од милијарди долари. Партијата Левица гласаше против договорот, а Зелените беа воздржани.