• 21.09.2024 06:37

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дебар се соочува со бyнт – се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи

Bysrs-editor

Aug 5, 2021

Или државата ќе се справи со криминалците, кои ограбуваат и тероризираат во Дебар, или граѓаните ќе се организираат оружено“, ова е пораката што до власта ја упатуваат влијателни граѓани на Дебар.

„Пограничниот град Дебар повторно стана цел на насилни и тероризирачки грабежи од вооружени групи, криминалци, кои соработуваат од двете страни на границата, со криминалци од самиот Дебар и од Пешкопеја од Албанија и околината. Ако МВР, централната власт не ги преземат колку е можно побргу потребните мерки, тогаш не преостанува друго и граѓаните самите ќе се преземат оружени организирања низ населбите во Дебар и ќе ја спроведуваат правдата, заради заштита на својот живот и имот“ – предупредува колумнистот Алпин Ологу во својата колумна под наслов „Во Дебар се враќаат теророр, насилните грабежи и обидите за убиства: каде е државата?!“, која ја објавува информативната агенција „Журнал“ и други медиуми на албански јазик.

Ологу пишува: „Пограничниот град Дебар повторно стана цел на насилни и тероризирачки грабежи од вооружени групи, криминалци, кои соработуваат од двете страни на границата, со криминалци од самиот Дебар и од Пешкопеја од Албанија и околината. Таквите групи пред два дена тероризираа и ограбија чесно дебарско семејство, кое сиот живот со пот работело за лебот и нивното богатство. Оваа маскирана криминална група извршила насилство врз децата, сопругата и главата на семејството, психолошки терор, тешки телесни повреди и обид за убиство, пукајќи со автоматска пушка ‘калашников’ внатре во куќата во моментите на грабежот.“

Колумнистот натаму додава: „Пукаат со огнено оружје, ограбуваат и повредуваат цело семејство на брутален начин среде градот Дебар. За да ја покажат нивната криминална сила, при одалечувањето ограбувачите повторно пукаат среде населбата, со цел да ги тероризираат и да ги заплашат и другите жители, кои бессилни бараат помош од нивните домови. Сцената на овој криминал се наоѓа во една куќа и во една населба не подалеку од два километри од полициската станица во Дебар.“

Алпин Ологу вели: „Овие брутални акти на грабежи, психички терор, телесни повреди, обид за убиство, кражба на богатство, иако се сметаат како најтешки кривични дела,кога станува збор за градот Дебар населен со мнозинство – Албанци, во очите на нашата држава, нашите институции, минуваат без да предизвикаат загриженост. Не само за пронаоѓање и изведување на криминалците пред правдата, кои не се пронајдени во ниеден случај на таквите кривични дела, туку и заради сензибилизирање на јавноста за ваквите најтешки кривични дела извршени од раката на човек. Ако ваквите кривични дела се случеа во кој било друг град во Македонија, особено во оние со мнозинство – Македонци, целата држава ќе беше крената на нозе.“

Авторот на колумната истакнува дека се молчи за случаите на грабежи во Дебар: „Не само државните институции, туку ниту медиумите, нитулокалните новинари не известуваат и не ја сензибилизираат јавноста во врска со ваквите настани со драматични димензии. Само погледнете ги вестите во двата изминати дена: нема ниеден извештај, во ниеден пишан или друг медиум, од ниеден новинар, кои пишуваат и известуваат редовно, само кога некој бизнисмен или политичар ќе порача написи за одредени приказни.“
„За ваквите криминални случаи локалната власт во Дебар треба колку е можно побргу да го активира алармот кај компетентните институции и пошироко, кај албанските политички партии, кај опозицијата, но и кај Муфтиијата на Исламската верска заедница во Дебар“ – укажува Алпин Ологу и нагласува: „Локалните власти во Дебар треба да ја алармираат и да ја сензибилизираат јавноста во врска со фактот дека се врши сериски криминален акт, кој порано или подоцна ќе му пристигне на прагот на секого, можеби и со животни последици. Нагласуваме неколку пати дека сегашниот капацитет на полициското обезбедување и истрагата и пронаоѓањето на сторителите на таквите злосторства во градот Дебар, неефикасното гонење, го оневозможуваат справувањето со криминалците. Затоа, потребно е сериозно решение за случајот, континуирани сериозни истраги за минати случаи, ефикасни обвинители, поголеми гранични пунктови, безбедносни камери на клучните излезни патишта од градот кон границата, истрага и пронаоѓање на криминални соучесници од Дебар, како и соработка со полициските структури на градот Пешкопеја и околината.“

Според авторот на оваа колумна, „друга алтернатива би била да се испратат специјални полициски групи во градот Дебар, како еден од градовите кој е најзагрозен и најоштетен од таквите криминални групи и таквите тероризирачки грабежи“.

Притоа, тој посочува: „Треба да се преземат потребните мерки, за кои компетентните најдобро знаат каде и како да се преземат. Но, не да се затворат досиејата, па потоа криминалот да отвори нови рани. Можеби има соработници со криминалот и од полициските структури од двете страни на границата, за што е потребна истрага. Имаше пример пред неколку години кога државата беше посериозна и кога таквите криминални дела беа неутрализирани за еден подолг временски период со пристигањето на групата на специјалци „Алфа“ во Дебар, која ги бркаше таквите криминалци дури со овластување и внатре во територијата на Албанија.“

Колумнистот предупредува дека непреземањето мерки може да предизвика нови такви кривични дела. „Ако нема сензибилизирање и казнување на ваквите криминални дела, ако запрат истрагите и ако не се пронајдат сторителите на изминатите настани, тогаш криминалот ќе се охрабри за слични дела и во идните денови или во блиска иднина. Безбедноста е примарна за животот и богатството на жителите на Дебар, за бизнисот, печалбарите, или и за странските инвеститори.“