• 21.09.2024 04:17

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Kонгресмени бараат од Бајден да го затвори затворот Гвантанамо, бил прескап за одржување

Bysrs-editor

Aug 6, 2021

Демократски претставници во Конгресот го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да го затвори воениот затвор во Гвантанамо и процесуира или да ги ослободи преостанатите затвореници, кои се во заточениптво поради тоа то се осомничени за наводна соработка со Ал Каеда.

Со наближувањето на 20-годишнината од нападите на 11 септември, 75 конгресмени, во отвореното писмо, го повикаа претседателот да го затвори спорниот затвор, наведувајќи ги како причина превисоките трошоци за негово одржување.

Во Гвантанамо имаше околу осумстотини затвореници, а сега се само 39, од кои главно постари и беспомошни луѓе. Според извештаите на медиумите, затворот државата ја чини повеќе од 500 милиони долари годишно или неверојатни 13 милиони долари по затвореник. Фактот дека затворот се уште не е затворен по 20 години функционирање ја нарушува нашата репутација во странство и ја ослабува нашата способност да ги заштитиме човековите права и владеењето на правото – се истакнува во писмото на американските застапници.

Затворот Гвантанамо, во истоимениот залив на Куба, беше отворен на почетокот на 2002 година за во него да бидат сместени членови на Ал Каеда одговорни за нападите на 11 септември и нивните помошници.

Знаеме дека е потребно време да се затвори затворот, но мислиме дека е дојдено време да донесете одлука – му порачаа демократите на Џо Бајден.

Конгресмените предлагаат на некои затвореници да им се суди во федералните судови, други да бидат вратени во нивните матични држави, а остантите да се испратат во трети земји од кои ќе се бара да гарантираат дека ќе бидат добро третирани и нема да претставуваат закана за САД.