• 23.10.2024 01:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Германија го презема претседавањето со Г7

Германија сака да го искористи своето претседавање со Групата седум (Г7) најразвиени земји за да го поддржи економското закрепнување од пандемијата.

Германија сака да ги зајакне и напорите за подобрување на заштитата на климата, изјави денеска германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

„Германија го презеде претседавањето со Г7 за 2022 година – земјите од Г7 се посветени на слободата, демократијата и напредокот“, напишал Линднер на Твитер, пренесе Ројтерс.

Министерот Линднер рече дека на состаноците на Г7 сака да ги стави прашањата за дигитализацијата и климатската неутралност на врвот на агендата на министрите за финансии и гувернерите на централните банки.