• 27.07.2024 09:11

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Словенечката опозиција незадоволна од работата на Владата во првите 100 дена

Сто дена откако новата словенечка Влада ја презеде функцијата, таа не ги оправда високите очекувања изразени пред парламентарните избори, оценуваат опозициските Словенечка демократска партија (СДС) и Христијанско-демократската Нова Словенија (НСи), кои беа во претходните влада.

Опозицијата сепак признава дека владејачката коалиција е соочена со бројни предизвици и ја предупредува власта дека треба побрзо и поефективно да реагира во борбата против високите цени.

– Владата на Роберт Голоб беше повеќе од заспана во првите 100 дена, изјави Јелка Годец, шефица на пратеничката група на СДС, на поранешниот премиер Јанез Јанша, пренесува словенечката новинска агенција СТА.

Врз основа на предизборните ветувања во таа партија очекуваат попосветена работа и итни мерки во соочувањето со актуелните предизвици со трошоците за храна и енергија и во подготовките за евентуално повторно појавување на Ковид 19.

НСи, исто така, оценува дека Владата треба побрзо и посеопфатно да се соочи со предизвиците и сметаат дека е клучно Словенија да одржи економски раст и добри услови на пазарот на трудот.

– Почетокот на работата на новата Влада беше прилично неубедлив, Владата не ги оправда големите очекувања, нејзиниот тим е неискусен и често некоординиран, што се гледаше во доцнењето и во лошите, неисправни предлози за мерки, изјави за СТА шефот на пратеничката група на оваа партија, Јанез Циглер Краљ.

СДС и НСи изјавија дека ги поздравуваат досегашните средби на политичкиот врв и на струката за трошоците за енергетската и енергетската безбедност и изразија подготвеност да учествуваат во дискусии за стратешки прашања за развојот на државата.

Словенечкиот парламент на 1 јуни со убедливо мнозинство ги потврди министрите во новата влада на премиерот Роберт Голоб, со што го започна својот мандат.