• 26.07.2024 15:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Шест причини зошто швајцарскиот франк останува стабилен

Инфлацијата во еврозоната е зголемена за рекордни 10,9 отсто, а во Швајцарија само три отсто. Што направи Швајцарија поинаку од земјите од еврозоната и што можат другите земји да научат од тоа?

Швајцарија успеа да ја стави инфлацијата под контрола од следниве причини:

Силен швајцарски франк

Додека вредноста на еврото значително паѓа, швајцарскиот франк – историски – остана стабилен. Таа стабилност ја зголеми побарувачката на инвеститорите, што, пак, резултира со поголема вредност.

Евтин увоз

Силниот франк овозможува поволен увоз и ја држи увозната инфлација под контрола.

Стабилни цени на енергијата

Швајцарија покрива речиси 90 проценти од потребите за енергија од сопствените нуклеарни и хидроцентрали. Зголемувањето на цените на нафтата и гасот речиси и да нема ефект врз швајцарскиот енергетски пазар, кој и онака е регулиран од државата.

Висок стандард на живеење

За швајцарските граѓани, трошоците за енергија сочинуваат само мал дел од трошоците за домаќинството. Затоа поскапувањето на енергијата помалку ги погодува луѓето во оваа земја.

Високи царини

Швајцарија ја штити домашната земјоделска индустрија со високи царини за увозна стока. И додека таа стратегија води до високи животни трошоци, таа исто така ги ублажува ефектите од растот на цените на светскиот пазар.

Мали зголемувања на платите

Иако многу бавното зголемување на платите во Швајцарија има негативни ефекти врз приходите на луѓето, тие исто така ги стабилизираат цените. Од август, стапката на инфлација во Швајцарија повторно се намали.

Швајцарската централна банка предвидува инфлација од 2,4 отсто за 2023 година.

Bertelsmann Stiftung