• 22.06.2024 09:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нацев: Европската политичка заедница е иницијатива која сеуште ја бара својата улога на европската политичка сцена

Bysrs-editor

Mar 22, 2023

Професорот Александар Нацев беше гостин во вечерната политичка емисија на унгарската национална телевизија М1. Главни теми за разговор беа очекувањата од Европската политичка заедница (European Political Community) и во каква насока ќе се движи оваа нова организација по следниот самит во Молдавија, кој треба да се одржи во првата половина на годинава. Исто така, во интервјуто беа опфатени и теми кои се однесуваа на евроинтеграциите и статусот на земјите од Западниот Балкан, како и очекувањата за темпото со кое ќе се движи Македонија во тие евроинтеграции. Професорот Нацев накусо даде и осврт на безбедносните и одбранбени предизвици со кои се соочува регионот, како и за некои геополитички случувања.