Професорот Александар Нацев во своето гостување во утринската емисија на Радио Лидер ги коментираше случувањата и заклучоците од самитот на НАТО на Вилнус, а се осврна и на домашната политичка сцена. Запрашан како ја оценува безбедносната ситуација, Нацев истакна дека Македонија е безбедна во поглед на надворешни закани, како конфликти и отворена војна, но дека треба да се посвети повеќе внимание на домашната состојба, зајакнување на работата на безбедносните служби и другите органи надлежни за спроведување на законите. Тој ја истакна и опасноста која ја носат странските борци повратници, кои се вратија од боиштата во Ирак и Сирија, и порача да се најдат адекватни безбедносни решенија за нив.
Целото гостување можете да го видите на следниот линк:
https://www.facebook.com/radiolider107.4/videos/2646882398798438